Велика Британија го предложи најстрогиот закон против пушење

- Advertisement -

Британската влада предложи на младите целосно да им се забрани да купуваат цигари, што би било едно од најстрогиот правила за пушење во светот, а сериозно би им наштетил на големите компании од тутунската индустрија.

Ако законот се узвои, возрасната граница за пушење секоја година би се зголемувала за една година, што потенцијално би можело да доведе до целосно укинување на пушењето меѓу младите уште во 2040 година, најави бритнскиот премиер, Риши Сунак.

- Advertisement -

Пушењето го чини британското здравство 17 милијарди фунти годишно, вели Сунак и додаде дека владата теба да одговори и на вејпингот меѓу младите. Сунак вели дека сака да се консултира за ограничување на вкусот и описот на вејповите и да размисли за регулирање на амбалажата и презентацијата на вејповите.

Активистичката група „Акција против пушењето и за здравјето“ ги поздрави плановите на сунак и додаде дека тоа може да многу да придонесе набрзо да дојде денот кога пушењето ќе стане минато.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -