Светска банка: економскиот раст во Европа е побавен отколку пред пандемијата

- Advertisement -

Проектираната стапка на економски раст за 2023 година на пазарите во развој и економиите во развој во регионите на Европа и Централна Азија е зголемена на 2,4%, што и понатаму е помалку отколку пред пандемијата на корона вирусот, се вели во најновиот Економски извештај на Светска банка за тој регион.

Зајакнувањето на растот е одраз на попозитивните проекции за Украина погодена од војната, но и за Централна Азија, како и за отпорноста на потрошувачката во Турција и за економскиот раст во русија, која бележи поголема стапка од очекуваната после растт на државната потрошувачка на војската и социјалните трансфери, се вели во соопштението на Светска банка.

- Advertisement -

Исклучувајчи ги Русија и Украина, во 2023 година се предвидува економски раст за регионот од 3%, но тоа и понатаму е помалку во споредба со долгорочниот просек од периодот пред пандемијата.

Проценките на Светска банка се дека во 2023 година економскиот раст во половина од земјите на Европа и Централна Азија ќе биде побавен или речиси непроменет во однос на 2022 година.

- Advertisement -

Во 2023 и 2025 година се очекува раст по стапка од 2,6% годишно поради послабата експанзија во Европската унија, која е најголем трговски партнер во регионот, како и високата инфлација, рестриктивните услови за финансирање и негативните ефекти оф руската инвазја врз Украина.

Укажуваат на тоа дека ќе биде неопходен нов пристап за овие земји повторно да го оживеат растот на продуктивноста, да остварат оодобри економски и социјални резултати, да ја зголемат отпорноста и да ги забрзаат напорите насочени кон декарбонизација на економијата.

- Advertisement -

Како што проценува Светска банка, негативните ризици ги оптоваруваат шансуте на пазарите во развој и економијата во развој во Европа и Централна Азија. Високата инфлација може да остане и во услови на поголема колебливост на глобалните пазари на стока и растот на цените на енергенсите, а поголемите ограничувања во пристапот до извори на финансирање може да доведе до поголема нестабилност и рестриктивност на глобалните финансиски пазари.

Економскиот раст од 2020 до 2024 година е послаб отколку во кој било друг петгодишен период од 1990-тите години наваму, а може и дополнително да забави, се вели во извештајот на Светска банка.

Растечките трошоци поради стареењето на населението, поголемите отплати на камати, инвестициите неопходни за ублажубање на климатските промени и прилагодувањето на нив, како и потребата за отстранување на последиците од другите истовремени кризи ќе вршат притисок врз интензитетот на државните буџети.

Проекциите на Светска банка укажуваат на веројатно забавување на економскиот раст на Западен Балкан на 2,5% годинава, после што се очекува зголемување на 3,3% во 2024 и 2025 година, за што ќе придонесе ублажувањето на инфлаторните притисоци, постепеното закрепнување на извозот и поголемите јавни расходи нан инфраструктурни проекти кои ги поддржуваат донатори.

„Потрошувачката во 2023 година остана отпорна во Албанија и во Македонија, на Косово и во Црна Гора, како резултат на позитивното влијание на турзмот, но доживеа пад во БиХ, Македонија и Србија поради послабата побарувачка за извоз во ЕУ“ се вели во извештајот.

(Beta)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -