Paket.mk со инвестиција од 300.000 евра за иновации и експанзија низ Балканот

- Advertisement -
  • Paket.mk, водечкиот онлајн супермаркет и маркетплејс во Северна Македонија, успешно обезбеди инвестиција од 300.000 евра од Eleven Ventures, водечки инвестициски фонд во Југоисточна Европа.
  • Наспроти жестоката конкуренција од големите синџири на супермаркети, Paket.mk создаде специфична онлајн шопинг дестинација, омилена за модерните купувачи во Скопје.
  • Eleven Ventures, познат по негувањето на револуционерни стартапи, ќе донесе експертиза и развојна мрежа со цел да ја поддржи стратегијата на Paket.mk за проширување низ Балканот.
  • Средствата ќе ја зајакнат платформата на Paket.mk, а со дополнителните подобрувања на препознатливото купувачко искуство, ќе се задоволат потребите и на најпребирливите потрошувачи.

СКОПЈЕ, под ембарго до 06:00 часот, вторник, 10.10.2023

Од своето основање пред неколку години па сè до денес, Paket.mk значително влијаеше на е-трговијата во Северна Македонија. Сега, компанијата обезбеди инвестиција од 300.000 евра, предводена од Eleven Ventures, еден од водечките инвестициски фондови во Југоисточна Европа. Eleven Ventures е познат по инвестициите во брзо растечки компании како Payhawk, Gtmhub и Dronamics. Ова партнерство го потврдува цврстото позиционирање на Paket.mk како прв избор за пазарување на најдинамичниот сегмент на потрошувачи во Скопје.

- Advertisement -

Онлајн супермаркет секторот доживеа значителен раст за време на Ковид пандемијата. Сепак, на територијата на Западен Балкан сé уште не е воспоставен јасен пазарен лидер. Иако многу традиционални малопродавачи и апликации за брза достава се обидуваат да воспостават онлајн присуство, истите најчесто потфрлуваат во ефикасноста и понудата. За разлика од нив, Paket.mk обезбедува ефикасен и разновиден асортиман на производи што го диференцира во однос на конкуренцијата. Од големи брендови до уникатни органски производи со локално потекло, Paket.mk навистина ги задоволува потребите на урбаните купувачи. Оваа посветеност на разновидната и висококвалитетна понуда ја зацврсти нивната доминација дури и во услови на интензивна конкуренција од поголемите трговски синџири присутни во онлајн пазарот.

Пристапот на Paket.mk за онлајн купување се базира во користењето на напредна технологија и ефикасни процеси. Оваа стратегија им донесе забележителен раст од 400% за време на периодот на Ковид. Дури и во периодот по пандемијата, платформата ја продолжи својата нагорна траекторија, покажувајќи ја својата издржлвост и приспособливост на динамичните пазарни услови. Постојаните позитивни реакции од страна на корисниците дополнително ја потврдуваат нивната ефикасност и го позиционираат Paket.mk како водечка онлајн платформа за намирници.

- Advertisement -

Партнерството со Eleven Ventures не се однесува само на финансиски инвестиции. Тоа е одраз на вербата во визијата на Paket.mk, нивниот врвен квалитет на услуги и нивната  амбиција да се прошири и освои пазари низ поширокиот балкански регион.

Со оваа стратешка инвестиција, Paket.mk значително ќе го подобри својот асортиман на производи, трансформирајќи ја платформата во единствена дестинација за неделно пазарување. Фокусот ќе биде ставен на воспоставување партнерства со нови добавувачи, обезбедувајќи понуда која ги надминува очекувањата поставени од големите синџири на супермаркети. Ова проширување на палетата на производи дополнително ќе ја зацврсти посветеноста на Paket.mk за обезбедување на сеопфатно шопинг искуство, каде што се спојуваат квалитетот, разновидноста и практичноста.

- Advertisement -

Драган Јосифовски, ко-основач на Paket.mk, истакна: „Соработката со Eleven Ventures не е само признание за нашите досегашни достигнувања, туку е и поддршка на нашата стратегија што се базира на спојот на пионерска технологија, нашата посветеност кон иновациите насочени кон корисниците и нашите амбиции да ја редефинираме е-трговијата во регионот“.

Душко Јордановски, ко-основач на Paket.mk сподели: „Eleven е совршен партнер во нашата мисија за унапредување на е-трговијата во Северна Македонија. Настрана од капиталот, тие носат непроценливо богатство од искуство во секторот и огромна мрежа на експертиза“.

Ивајло Симов, партнер во Eleven Ventures, споделува: „Тимот на Paket.mk нé импресионираше со нивната енергија и трудољубивост. Тие работат на бизнис модел, за кој веруваме дека има потенцијал да се прошири во регионот, а Драган и Душко се вистинските луѓе да го сторат тоа“.

Предводен од Драган Јосифовски и Душко Јордановски, Paket.mk беспрекорно ја комбинира удобноста што ја нуди онлајн супермаркетот споена со разновидниот асортиман на онлајн маркетплејс. Дизајниран да ги задоволи напредните потреби на македонските купувачи, Paket.mk стана водечка платформа за е-трговија во Северна Македонија.

Eleven Ventures е еден од водечките инвестициски фондови во Југоисточна Европа, инвестирајќи во стартапи уште од 2012 година. Со над 150 збирни инвестиции во текот на 10 години, тимот на Eleven има клучна улога во катализирањето на регионалниот стартап екосистем. Eleven ги поддржува технолошките компании во четири приоритетни вертикали – „Future of Work“, „Fintech“, „Healthcare“ и „Future of Food“. Некои од стартапите кои Eleven ги поддржа се Payhawk, Gtmhub, Dronamics и SMSBump. За повеќе информации за Eleven Ventures, посетете https://www.11.vc/.

Сподели!
- Advertisement -