Научници веруваат дека открија сосема нов вкус кој претходно не сме го знаеле

- Advertisement -

Науката признава постоење на пет основни човечки вкусови: слатко, кисело, горчливо и умами, односно вкусно, сласно. Неодамнешните истражувања сугерираат дека на таа листа треба да се додаде уште еден нов вкус, поврзан со амониум хлоридот, а го откри тим од научници од Универзитетот на Јужна Калифорнија и Универзитетот Колорадо во САД.

Амониум хлоридот кога ќе дојде во контакт со човечкиот осет за вкус предизвикува уникатно чувство, кое го опишуваат како мешавина од горчливо, солено и кисело. Додека реакциите на животните на таа комбинација е опсежно проучувани, точниот одговор на човечките сетила за вкус е предмет на ограничена научна анализа.

- Advertisement -

Амониум хлоридот наоѓа примена во лековите, ѓубривата, а се користи и за зголемување на крцкавоста на грицките во некои азиски региони. Во Европа се користи како сол за ароматизирање на темните слатки. Ако живеете во скандинавска земја, сигурно сте запознаени со тој вкус, а можеби и ви се допаѓа, велат неуронаучниците од Универзитетот на Јужна Каролина.

Новата студија е објавена во списанието Nature Communications, а ги проширува резултатите од претходните истражувања за протеинот отопетрин 1 (OTOP1), кој ја разјасни нговата улога во детектирањето на киселио вкус и неговото влијание на нивото на клеточна киселина. Новата студија открива како OTOP1 реагира на амониум хлоридот.

- Advertisement -

Кога одгледани човечки клетки биле подложени на кисел вкус и на амониум хлорид, OTOP1 рецепторот покажал слични одговори на двата стимуланси. Во испитувањата на животни, односно глувци без гени, со OTOP1 глувците покажале рамнодушност кон храната која содржи амониум хлорид, додека тие со гени активно го избегнувале.

Во идните истражувања научниците сакаат да го продлабочат одговорот на OTOP1 рецепторите на амониум хлорид и да се проценат потенцијалните варијации во тој одговор меѓу различни врсти. Битно е да се напомене дека различните животни различно реагираат на амониум хлорид.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -