Потсетување до младите земјоделци, во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност

- Advertisement -

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.

Мерка 112 – се однесува на помош на младите земјоделци за започнување на земјоделска дејност со финансиска поддршка до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник.

- Advertisement -

Средствата од финасиската поддршка се наменети за инвестиции во набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

- Advertisement -

Како корисници на мерката се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Поддршката за оваа мерка, за прв пат од оваа година, започнува да се исплаќа авасно, веднаш по потпишувањето на договорот, во висина до 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци

- Advertisement -

Напоменуваме дека во овој јавен повик како прифатлив трошок не се земаат набавката на трактор и приклучна механизација.

Барањата за аплицирање се поднесуваат по електронски пат, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Крајниот рок за доставување на барањата е 15.10.2023 година.

Сподели!
- Advertisement -