Истражувачи од Факултетот за информатика при Универзитетот Единбург развија скалпел со вградени сензори, кој би можел да ја поедностави обуката на хирурзите и да го поплочи патот до хируршки зафати кои ги прават роботи.
Истражувачите ги проучувале податоците добиени од скалпелот и откриле дека неговите сензори можат точно да следат колку сила се применувала во текот на хируршките зафати и како се контролирал уредот во текот на целата процедура.
Таа анализа покажала и дека технологијата може да го процени тоа еднакво ефикасно како и традиционалните методи на проценка, кои вклучуваат визуелна проценка од искусни хирурзи.
Евтиниот уред се состои од обичен скалпел споен на плоча со сензор, која се наоѓа во дршката. Истражувачите дизјанирале модел на машинско учење кој ги анализира податоците снимени при примената на сила од страна на корисниците на скалпелот.
Тие ја тестирале новаѕа технологија со 12 студенти по медицина и двајца хирурзи, додека изведувале постапка позната како елиптична екцизија. Постапката вклучува правење закривени резови на кожата и се користи за отстранување на брадавици и израстоци на кожата од типот на меланом. Тестовите биле направени на синтетички материјал од желатин и силикон, кој ги имитира својствата на човечката кожа.
Студијата е објавена во спсианието Communications Engineering.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)