Хипотекарниот кредит на Халкбанк како најдобар сојузник во реализација на вашите планови

- Advertisement -

Бројните месечни трошоци, месечни рати за потрошувачки или станбени кредити, картички и слично, како и редовните трошоци, дополнително го оптоваруваат домашниот буџет. Токму затоа, оние корисници што имаат повеќе кредити сé почесто ги консолидираат месечните издатоци. Обединувањето на месечните трошоци е чекор кон намалување на трошоците и нивно минимизирање за основните неопходни потреби.

Како одговор на потребата од спојување на трошоците и покривање со еден кредит, Халкбанк АД Скопје создаде понуда со поволни услови. Хипотекарниот кредит со животно осигурување може да се користи како долгорочен ненаменски кредит за ликвидирање на целата кредитната изложеност, сопствена или на друго лице од вашето семејство. Покрај тоа, кредитот може да се искористи и за купување на стан, куќа, викендичка или купување на деловен простор, како и рефинансирање на кредитните изложености на клиентите во други банки по основ на станбен кредит. 

- Advertisement -

Покрај контролираното подмирување на сите месечни издатоци во форма на месечни рати, задолжувања и провизии на минус, консолидирањето на трошоците и покривањето со еден кредит, значи избегнување на бројните камати и провизии на секој кредит или кредитна картичка одделно. Со спојувањето во еден, ќе плаќате само една камата и многу помалку финансии ќе се одливаат од семејниот буџет.

Хипотекарниот кредит може да се издаде со максимален износ до 300.000 ЕУР (18.450.000 денари) и временски рок на отплата до 240 месеци. За примателите на плата или пензија во Халкбанк, фиксната каматна стапка изнесува 5,3% за првите три години, додека за останатите важи варијабилна каматна каматна стапка дефинирана како: 2пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 6% (8% номинална годишна), не пониско од 6,5% за остатокот од периодот.

- Advertisement -

Дополнителна поволност за клиентите кои се заинтересирани за овој кредитен производ што го нуди Халкбанк е ниската стапка на вкупни трошоци на кредитот, односно надомест од 450 денари (се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150 денари апликација за кредит меничен бланкет, нотарски трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката, додека провизијата за обработка на кредитот изнесува 1% од износот на кредитот, еднократно однапред.

За одобрување на овој кредит е потребна и задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје, и полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.

Сподели!
- Advertisement -