Новиот оперативен систем на Xiaomi ќе го користат и други мобилни телефони и други уреди

- Advertisement -

Исто како што Huawei го разви својот HarmonyOS како замена за Android, Xiaomi ќе направи сличен потег за да го зајакне својот екосистем, особено поради фактот дека нивниот електричен автомобил стигнува во првата половина од 2024 година.

Наречен HyperOS, овој наследник на MIUI софтверот, наводно, ќе биде меѓавина од Android и системот Vela, со целосно нова архитектура, која, наводно, ќе им овозможи на корисниците, возилата и паметните домови да се конектираат.

- Advertisement -

Може да се очекува дека електричниот автомобил на Xiaomi исто така ќе го користи HyperOS.

Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун, преку социјалната мрежа Weibo соопшти дека развојот на HyperOS почнал во 2017 година со мисија за изградба на уникатна, интегрирана системска рамка која го поддржува целиот екосистем на уреди и апликации.

- Advertisement -

Тој додава дека оваа нова платформа ќе дебитира на идните паметни телефони од серијата Xiaomi 14, кои очигледно веќе се во производство.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi)

Сподели!
- Advertisement -