Нова технологија за авиони ја намалува турбуленцијата за над 80%

- Advertisement -

Сите што често патуваат, без оглед на превозното средство, сакаат удобнои безбедно возење. Тоа важи и за летањето со авион, но турбуленциите може да бидат многу штетни за авионоот и за патниците. Причината за турбуленциите вообичаено е разлика во атмосферскиот притисок, струење на воздухот, воздухот околу планини, ладен и топол фронт, како и грмотевици.

Некои истражувања установија дека турбуленциите растат поради климатските промени, но една австриска компанија тврди дека развила систем кој ефикасно го решава овој проблем. Станува збор за компанијата Turbulence Solutions., со седиште во Виена, која сака да ги намали последиците од турбуленциите со следење, прогнозирање и контрола на ситуацијата со помош на сензори, лидари и софтвер за контрола на летање.

- Advertisement -

Системот наречен Turbulence Cancelling може да ги намали турбуленциите кои ги чувствуваат патниците за над 80%. Овој систем се состои од две шипки долги 2 метри, кои се опремени со сензори и се фиксирани на крилата на авионот. Опремата открива мали фулктуации на воздушниот притисок на различни делови од трупот на авионот и врз основа на тие податоци ги подесува крилата. Слична функција имаат и перјето на птиците, кое им овозможува стабилизациј во воздухот. Собраните податоци се внесуваат преку програма за сузбивање на турбуленцијата, што резултира со контрабаланс во милисекунди.

Технологијата е наменета за користење во текот на летот, а не за полетување и слетување. Од компанијата трвдат дека тестирањето веќе ги потврдило позитивните ефекти од технологијата, која помогнала да се намалат турбуленциите кои ги чувствуваат патниците за над 80%.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -