Андреј и Матеј Ангеловски ја креираа HYPER PROTEIN 9+, иновативна протеинска храна од органско потекло

- Advertisement -

Андреј и Матеј Ангеловски се млади момци, спортисти, коишто здравиот начин на исхрана и живот го практикуваат секојдневно. Андреј активно се занимава со фитнес, а пред две години отворил фитнес центар наменет исклучиво за индивидуални тренинзи и мали групи. Матеј исто така од мали нозе се занимава со спорт, 18 годни бил дел од Македонската репрезентација во традиционално карате, а е носител и на  првото светско злато во историјата на Македонија во овој спорт.

Здравиот начин на живот што го практикуваат и двајцата неодамна ги инспирираше да започнат со свое производство на додатоци во исхраната, што резултураше со појава на HYPER PROTEIN 9+ на пазарот, иновативен производ богат со многу протеини, минерали, витамини, фитонутриени и антиоксиданти.

- Advertisement -

Во интервју за Иновативност, Андреј и Матеј велат дека сакаат да ги поттикнат луѓето да водат поздрав и поисполнет живот со тоа што ќе им понудат природни производи кои се научно формулирани. Покрај HYPER PROTEIN 9+, тие најавуваат дека развиваат и нов продукт, што наскоро ќе се најде на пазарот.

Новинар – Сања Наумовска

- Advertisement -

Вашата компанија Long Positive неодамна започнаа со производство и продажба на HYPER PROTEIN 9+. Кажете ни за каков производ се работи и како дојдовте до идеја за ваква иновација?

HYPER PROTEIN 9+ е веганска протеинска суперхрана од 100% природно и органско потекло. Се работи за мултифункционален додаток во исхрана богат со многу протеини, минерали, витамини, фитонутриени и антиоксиданти и претставува природен извор на енергија.

- Advertisement -

Идејата да го создадеме HYPER PROTEIN 9+ дојде од нашите лични потреби. И двајцата сме спортисти, водиме сметка за здравјето и се трудиме што подобро да се храниме. Во минатото се обидовме да конзумираме некои од достапните додатоци на пазарот, но ни се појавија одредени здравствени проблеми, интолеранција на лактоза, гасови и тегоби во стомакот, оптеретување на бубрезите и црниот дроб, како и кожни проблеми. Потоа почнавме да бараме солуција и констатиравме дека има и други извори на протеини од растително потекло кои содржат целосен протеин (сите 21 аминокиселини). Бидејќи како што за нас луѓето од клучно значење е со што се храниме така и за храната која ја конзумираме е важно со што се одгледува. Од тамо доаѓа и идејата производот да биде 100% органски.

Нашиот протеин HYPER PROTEIN 9+ се состои од природни растителни и органски состојки, без додатни адитиви, конзерванси или засладувачи, не предизвикува гасови, лесен е за стомакот, телото може лесно да го апсорбира, што значи дека нема да дојде до оптеретување на дигестивниот систем, црниот дроб и бубрезите, а воедно не предизвикува проблеми на кожата.

_upscale

Кој може да го консумира суплементот, за кого е наменет продуктот?

Производот е наменет за и за млади и за возрасни луѓе, професионални спортисти, рекреативци, луѓе со активен животен стил, неактивни луѓе и постари лица кои сакаат да го подобрат физичкото, менталното и когнитивното здравје, за вегани, вегетеријанци и сите оние кои се грижат за своето здравје и сакаат да се чувствуваат подобро.

Кои се бенефитите од користењето на HYPER PROTEIN 9+?

Придонесува за раст и одржување на мускулната маса, помага во закрепнување на мускулите и одржување на здрави коски, придонесува за подобрување на физичките перформанси и издржливоста при интензивни вежби и спортска активност, ја зајакнува кардиореспираторната кондиција, ги поддржува имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем, делува во намалување на акумулација на масти во телото, за зголемено искористување на енергијата, помага во регулирање на метаболизмот и контрола на чувството на глад, ја подобрува концентрацијата и помнењето и го помага организмот во адаптација на состојби на физички и ментален стрес.

Во развојот на HYPER PROTEIN 9+ соработувавте и со Фондот за иновации и технолошки развој. Што е вашата иновација, кои се карактеристиките кои вашиот производ го одвојуваат од сличните на пазарот?

На пазарот има многу додатоци во исхрана, но сите тие се или еднокомпонентни производи или производи со една функција како што се витамини, минерали, протеини и екстракти од поединечни билки. Сите тие создаваат конфузија кај луѓето при изборот, што им треба или која е вистинската комбинација на еднокомпонентни производи која им е потребна. Веганските протеини кои се продаваат или не содржат комплетен протеин (присуство на сите 21 аминокиселини) или пак се составени од една состојка (најчесто соја и грашок).

При формулацијата на HYPER PROTEIN 9+ имавме сосема различен пристап од останатите. Создаден е да делува на повеќе „меридијани“ во телото за да помогне во обновување на внатрешната рамнотежа и здравје, има низа здравствени придобивки и во целост ја исполнува функцијата за која е наменет. Обезбедува комплетен протеински состав, со присуство на сите 21 есенцијални и неесенцијални аминокиселни. Составен е од осум внимателно одбрани протеини од растително потекло (тиква, лен, чиа, сончоглед, пченична трева, моринга, грашок и ориз), четири енергични адаптогени билки (сибирски женшен, шисандра, родиола, ашваганда), три медицински печурки (реиши, чага, кордицепс) и МЦТс – триглицериди на заситени масни киселини со среден ланец од кокосово масло, авокадо и баобаб. Со својот разновиден состав и функционалнст, производот претставува компетен додаток во исхрана наменет за секого и за секојдневна употреба.

Производот е подобен за вегани, вегетеријанци, луѓе со интолеранција на глутен и лактоза и е прв производ од ваков тип од домашно производство.

Кои се вашите препораки за купувачите во поглед на користењето на суплементи во исхраната?

Трендот на збогатување на исхраната со суплементи станува се популарен, а со тоа се појавуваат и голем број на производители и „експерти“ во областа. Би ги советувале луѓето да бидат внимателни во изборот, да користат релевантни научно поткрепени извори на информации, да обрнуваат внимание на составот на производите и да преферираат природни и органски производи без адитиви, засладувачи и конзерванси.

Какви се вашите планови за во иднина, планирате ли да работите на нови производи?

Наша цел првенствено е да го покриеме домашниот пазар, а потоа да се пробиваме на европската сцена. Исто така работиме и на нови производи, нашиот втор продукт е веќе во фаза на развој и за брзо ќе биде достапен за потрошувачите.

_upscale
Сподели!
- Advertisement -