Започна иницијативата „Денови на донирање“

- Advertisement -

„Конект“ започна „Денови за донирање“, во велат дека сите ќе ја искусат радоста и моќта на донирањето. Оваа иницијатива се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој работи на инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата.

„Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите граѓански организации и групи на граѓани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата Денови за донирање бидејќи само здружените донaции можат да направат вистински промени“, соопштија од „Конект“.

- Advertisement -

За да поттикнат што е можно повеќе луѓе да учествуваат, велат тие, создадaдена е онлајн платформа за групно донирање Оп Оп на која ќе бидат достапни поголем број од проектите кои сакаат да ги поддржат. Во рамки на настанот се одржува и донаторски концерт, но и донаторска модна аукција со облека изработена од домашни дизајнери, собирни кутии поставени околу најфрекфентните продавници и трговски центри.

„Многу важно за сите нас, како на лично така и на корпоративно ниво е да сме дел од  решенијата за проблемите во заедницата. Еден од најубавите начини за тоа е донирањето. Со деновите за донирање создаваме платформа и ги охрабруваме сите  да се вклучат инвестирајќи во подобро утре за сите. Со кампањата секоја година ќе го славиме донирањето и ќе ја негуваме културата на филантропијата“, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението „Конект“.

- Advertisement -

Деновите за донирање се претставуваат преку гостувања во медиумите со цел поголема промоција на идејата и обезбедување на клима за донирање. Од страна на граѓанските организации се организираат и координирани активности на терен како во Скопје така и во другите општини во земјата.

„Овие настани имаат за цел да инспирираат што е можно повеќе граѓани, граѓански организации и компании да се вклучат и да бидат охрабрени и поддржани во спроведувањето на активностите за собирање средства за проекти по сопствена иницијатива или за централниот фонд на Деновите за донирање“, велат од „Конект“.

- Advertisement -

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

Сподели!
- Advertisement -