Сања Митровска во „Што го врти светот“ – преку нејзината компанија македонски стартапи добиле 2.5 милиони евра

- Advertisement -

Во новата епизода на „Што го врти светот“, која излегува вечерва во 20 часот гостинка е Сања Митровска. Релативно млада претприемачка, која им помага на стартапи во рана фаза да го развијат бизнис моделот и да добијат финансирање. Компанијата на Сања, го држи Гинисовиот Рекорд во најдолга презентација пред инвеститори. 30 часа, на секои 5 минути се менувале презентери пред комисијата составена од потенцијални инвеститори. Преку програмите на Сања и нејзината компанија Нетворкер неколку бизниси, во најрана фаза од креирањето на бизнис моделот, добиваат финансирање од 2.5 милиони евра. Со Сања ќе бидат отворени неколку теми меѓу кои: Кои бизниси можат да добијат финансирање? Како проценува кој претприемач би имал успех? Дали е сега вистинско време да се инвестира во бизниси со Вештачка интелигенција или Виртуелна реалност? Како да развиеме успешни македонски бизниси и колку сме далеку од т.н. бизнис еднорози (unicorns) кои во првите години би реализирале профити над 1 милијарда. Како и секогаш и во оваа епизода ќе зборуваме за жените и за тоа зошто поретко го преземаат првиот чекор, кога е бизнисот во прашање.

- Advertisement -

Поткастот може да го гледате на: YouTube и Spotify каналите на „Што го врти светот“.

Доколку ви е интересна темата претприемништво можете да ја погледнете епизодата со претприемачот Филип Арсов кој е ко-основач на компанијата Synapsis Aviation со чија апликација ќе се подготвуваат за лет пилотите на Луфтханза Групацијата.

Сподели!
- Advertisement -