Започнуваме процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје

- Advertisement -

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никоовски денеска го потпиша  договорот со кој се започнува процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Република Северна Македонија.

Оваа логистичко-дистрибутивна платформа, како стратешка инвестиција, предвидено е да се простира на околу 30.000 метри квадратни и да процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук. Таа ќе овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни и свежи прехранбени производи, ќе овозможи поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор, за домашниот и меѓународниот пазар. 

- Advertisement -

„Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа дава поголема сигурност и на едно место ги поврзува сите земјоделци, нудејќи им преку оваа логистичка платформа можност за пласман на нови пазари за нашите домашни земјоделски производи. Најпрво логистичко-дистрибутивна платформа на потрошувачите ќе им понуди висококвалитетни и безбедни производи, односно уште повеќе ќе ја подобри и зајакне безбедноста на храната и хигиенските услови. Понатаму социо-економскиот развој е уште една цел на логистичко-дистрибутивна платформа, преку отвореање на нови работни места, поголем и подобро организиран извоз на македонските земјоделски производи и поголеми стандарди за производите. Намалувањето на влијанијата врз животната средина и формализирањето на пазарите е уште една поставена цел со изградбата на овој значаен капитален проект“ истакна министерот Николовски. 

Средствата за изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, кој се финансира со заем од Светска Банка во износ од 46 милиони евра  4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА фондовите. Логистичко-дистрибутивна платформа е дизајнирана да служи како фокусна инфраструктура за системите за агрегација за свежа храна, маркетинг и дистрибуција и да биде сврзно ткиво за откупните центри во Струмица и во Ресен.

- Advertisement -

Договорот во износ од 774.768 евра, кој денеска го потпиша министерот Љупчо Николовски, заедно со избраното консултантско партнесрство, составено од ИРД Инженеринг, Италија како главен партнер, потоа АД АГТ, Италија и АД Градежен Институт Македонија како партнери, е поделен во неколку фази.

Првата фаза се фокусира на избор на соодветна локација, урбанистичко планирање, физибилити студија, стратешки и бизнис план, проценки на влијанието врз животната средина и социјални аспекти, како и прирачник кој ги содржи операциите на платформата. Втората фаза вклучува подготовка на главен проект и финализирање на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Оваа фаза ќе го отвори патот за добивање на потребните градежни дозволи, обезбедувајќи усогласеност со националното законодавство и стандардите на FIDIC.

- Advertisement -

Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа не е само градежен проект, туку заедно со двата откупни центри во Струмица и Ресен е симбол за посветла иднина во земјоделскиот сектор во земјата.

Сподели!
- Advertisement -