Од она што е посочено на мапата, може да се види дека водечкото место меѓу европските земји го има водечката економска сила на Европа.
Германија има најмногу милијардери во 2023 година – дури 126. Зад Германија е Русија со 104 милијардери.
Италија е на трето место со 64 милијардери, Велика Британија е четврта со 52, а зад неа Франција е на петтото место со 43 милијардери. По Франција, следува Швајцарија со 41 милијардер.
Во Македонија и соседните земји кои не се членки на унијата нема милијардери.
Сепак кај нашиот јужен сосед, се избројани шест милјардери, а покрај Грција, милјардери има и во Бугарија, каде има двајца милјардери. Унгарија има три од нив, а Австрија и Чешка имаат по 11.
Рафаел Баџиаг помина пет години разговарајќи со милијардери за да открие што ги прави толку успешни. Своите набљудувања ги запишал во книгата „Тајната од милијарда долари“.
„Разликата меѓу финансиски успешни луѓе (милионери) и финансиски супер успешни луѓе (милијардери) се сведува на тоа дека вторите уживаат во правењето пари, но не уживаат да ги трошат“, напиша меѓу другото.