Напредокот во технологијата за полуспроводници ветува револуција во перформансите на компјутерските чипови и потенцијално постигнување брзина од стотици, дури и илјадници пати поголема од денешните чипови базирани на силициум. Традиционалните полуспроводници од силициум се базираат на електрони за пренос на податоци, ни тие честички се распрснуваат, ја испуштаат енергијата како топлина и предизвикуваат доцнење во преносот на податоци.
Американски научници од Универзитетот Колумбија, предводени од Милано Делоро, претставија иновативен материјал за полуспроводник, Re6Se8Cl2, со извонредни можности. Тој суператомски материјал е доставен од рениум, селен и хлор, создава кластери од атоми, кои се однесуваат како нивните подинечни елементи. За разлика од силициумот, каде што електроните се распрснуваат, честичките познати како еситони се движат низ Re6Se8Cl2 побавно, но ја задржуваат линеарата траекторија без залутување на подолеми растојанија. Студијата за ова истражување е објавенаво списанието Science.
Иако потенцијалот на новите полуспроводници е огромен, ќе поминат неколку децении додека се најдат во практична примена.
(New Scientist)
(фото: Teslarati)