„Што го врти светот?“ Со Катерина и Тошо од Адева: Дали Вештачката интелигенција ќе доведе до промена на економското уредување на земјите

- Advertisement -

Во најновата епизода на „Што го врти светот“, повторно се зборуваше за моќта на Вештачката интелигенција. Според соговорниците, работното време од 8 и повеќе часа ќе стане минато. Со прифаќањето на можностите од роботизација на процесите, на повеќето големи компании многу професии ќе бидат заменети или пак работното време за кое ќе се завршуваат задачите ќе биде значително скратено. Според соговорниците, тоа може да води кон т.н. универзален доход. Односно, намалување на работното време, ослободување време за повеќе креативна работа и професии кои луѓето ги исполнуваат, додека голем дел од доходот ќе доаѓа од одреден центар кој ќе се грижи луѓето да имаат од што да живеат. Иако ова е некоја утописка идеја, според соговрниците некои земји веќе се приспособуваат преку предлог политики за кратење на работниот ден и 4 дневна работна недела, пропратена со високи минимални плати. Веројатно промените нема да се случуваат преку ноќ, но со цел да се одржи потрошувачката моќ на граќаните, напредните држави во даден момент ќе почнат да размислуваат на овој начин.

Сподели!
- Advertisement -