Научници ја направија најголемата мапа на човечкиот мозок

- Advertisement -

Биолошкиот материјал од кој се направени нашите мозоци не е лесно да се истражи. Разбирањето на сето тоа ткиво е полно со предизвици со кои се соочува модерната наука, која сега обезбедува средства за манипулација и со најмалите компоненти од нашата биологија преку уредување на гените. Меѓутоа, конзорциум од научници сега ја направи досега најопсежната мапа на мозокот со цел подобро да ги разберат мозочните ќелии и со надеж дека ќе помогнат ви наредната ера на лекови за болести од типот на Алцхајмер, Паркинсонова итн.

Според експертите, ова е историски момент. Висококвалитетниот преглед кој го дава новата мапа на мозочните ќелии, од кои е составен нашиот мозок, е еден вид на научен темел кој истражувачите се трудат да гопостават со децении наназад. Тој сега е оружје кое може да се насочи во борба против невропсихијатриските пореметувања, кои редовно високо котираат на листата со смртоносни болести кај се постарата популација.

- Advertisement -

На пример, Алцхајмеровата болест била шеста по ред водечка причина за смрт во САД во 2020 година. Според Центарот за контрола на болести, до 2060 година само кај постарите Американци се предвидува дека ќе има 14 милиони заболени. Овој број не ги зема предвид десетината други невролошки состојби и нивното влијание на квалитетот на животот.

Оваа мапа нема да ги реши сите болести уште утре, но е голем напредок. Академскиот документ во оваа фаза од мапирање на ќелиите, делумно финајсиран од приграми од времето на администрацијата на Обама, како што иницијативата BRAIN, е своевиден нацрт. Многу е потешко да се истражува мозокот отколку другите органи поради ранливоста и сложеноста.

- Advertisement -

Крајната надеж е дека овој нацрт е почетна мапа за различни компоненти на мозокот, како што се микроглиите и околу 170 милијарди ќелии во мозокот. Може да поттикне медицински иновации и да претставува подобро средство за откривање на она што сеха дури и не можеме да го замислиме.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -