Шест места во Европа кои ќе ви платат за да се преселите таму

- Advertisement -

Сте помислиле ли некогаш да напуштите се што познавате и да се преселите во некој приморски град во Италија или во некое живописно планинско село во Швајцарија? Замислете уште некој да ви плати за да се преселите таму.

Многу места во Европа се во потрага по нови жители и се спремни за инвестираат високи суми за нив. Овие шест места во Европа ги мамат новите жители со големи парични грантови.

- Advertisement -

Албинен, Швајцарија

Албинен се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале и како и сите други места на листава, се бори со депопуплација. За да го зголеми бројот на жители таму, швајцарската влада нуди 53.000 долари за да се преселите таму – речиси 27.000 долари за помладите од 45 години, плус речиси 11.000 долари по дете. За да ја искористите понудата, мора да сте жители на Швајцарија или да имате C дозвола за престој.

- Advertisement -

Сардинија, Италија

Сардинија е туристички центар со недопрени плажи и многу приморски одморалишта, но неговата дивина привлекува помалку посетители и има се помал број на жители. Поради се повеќето села кои се соочуваат со криза на депопулација, регионалната влада воведе шема за привлекување нови жители. Кандидатите кои ќе се преселат таму ќе добијат до 15.000 евра. Парите мора да ги искористат за купување или реновирање куќа.

- Advertisement -

Акварика, Италија

Акварика е град со околу 10.500 жители во јужниот регион Пулје. Тоа е длабоко во областа Саленто, односно во петата на италијанската „чизма“. За да го зголемат бројот на жители, градот минатата година покрена кампања која ветува грант од 30.000 евра за сите што ќе купат куќа и ќе се пријават да живеат во градот.

Понга, Шпанија

Градот Понга се наоѓа во северозападниот дел на Шпанија и има само 600 жители. За да ја зголеми својата популација, почна да нуди парични грантови, кои моментално се достапни само за Британците – 2.600 фунти за секој што ќе се обврзе да живее во градот најмалку 5 години и 2.600 фунти за секое бебе што ќе се роди таму.

Калабрија, Италија

Ова е уште една прилика да го искусите животот во Италија. Тие што ќе одлучат да се преселат во село со 2.000 или помалку жители ќе можат да заработат до 28.000 евра.

Ирски острови

Ирска нуди големи финансиски грантови за луѓето кои се спремни да се преселат на еден од нејзините оддалечени острови. Проектот е дел од пошироката политика наречена „Нашите живи острови“, која има за цел зголемување на бројот на жители во земјата. Ирска има над 30 острови без копнена врска со континенталниот дел. Ирската влада нуди грантови од над 80.000 евра за оние кои ќе се обврзат да реновираат имот на некој од островите. Потенцијалните жители треба да купат куќа изградена пред 1993 година, која е празна најмалку две години.

(Bizlife)

(фото: Campto Camp)

Сподели!
- Advertisement -