Рокот истече пред една недела, а досега новиот т.н Солидарен данок го платиле 2/3 од компаниите опфатени со законот.
Од 150 даночни обврзници, 98 до денеска уплатиле вкупно 36 милиони евра или околу половина од тоа што како прилив во буџетот го планираше Владата.
На останатите 50-тина компнаии, УЈП следните денови ќе им достави опомени, најави директорката Сања Лукаревска и предупреди дека доколку следните недели не го платат данокот, сметките ќе им бидат блокирани на 24 ноември.
– Бидејќи рокот беше до 25 октомври, за сите кои немаат направено плаќање на данокот на солидарност ќе се преземат мерки согласно со Законот за даночна постапка. На 6 ноември веќе ќе ги доставиме опомените, доколку и по тоа немаат направено уплата на 24 ноември, веќе ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки. Ние согласно законот за даночна постапка не би можеле да ги објавиме сите оние компании којшто се должници по основ на данокот на солидарност , меѓутоа да има и јавни претрпијатија кој сеуште го немаат исплатено долгот,- изјави Сања Лукаревска.
Законот за данок на солидарност беше донесен од Собранието на 19 септември и ги опфаќа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра и профит поголем за 20 отсто од просекот во претходните три години и тој износ се оданочува со стапка од 30 отсто. Тој наиде на остри реакции кај бизнис заедницата, а од Стопанската комора се најде и пред Уставен суд.
– Ќе го видиме известувањето од уставниот суд како би било па понатаму ќе видиме како ќе постапуваме.
Лукаревска на денешната прес-конференција ги презенитраше податоците за годишните даночни пријави за 2022 година.. Скопјанец е на врвот на листата со пријавен бруто доход од 7 милиони евра, а највисока плата добил скопјанец што се заминал со трговија со цигари – 2,3 милиони евра или по околу 200.000 евра месечно…
Прворангиран пензионер според приходот за 2022 година е исто така скопјанец кој пријавил странска пензија од 94.000 евра или скоро 8.000 евра месечно.
Најсреќни во државата пак според добивки од игри на среќа се граѓанин од Кичево кој добил пола милион евра, како и жител на Кочани со добивка од околу 450.000 евра.
Извор – Банкометар