Ова се пет градови со најчист воздух во светот

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот е глобален тренд затоа што светот продолжува да расте во индустријализацијата. Некои градови се многу загадени, а квалитетот на воздухот во нив претставува здравствен ризик како за локалното население, така и за посетителите, Меѓутоа, некои градови и понатаму може да се пофалат со почист воздух поради зелените средини и строгите еколошки прописи.

Таквите градови се одлични за посетување, па дури и за живот затоа што луѓето не мора да трпат загадување или да дишат контаминиран воздух. Еве кои се најдобрите градови во светот со најчист воздух.

- Advertisement -

Рејкјавик, Исланд
И покрај тоа што е најголем град на Исланд, Рејкјавик и понатаму е еден од најбезбедните градови во земјата за длабоко да воздивнете без грижа дека белите дробови ќе ви се наполнат со отровни честички. Рејкјавик е и еден од најчистите и најзелените градови во светот, што го прави центар на глобалниот туризам.

Виена, Австријa
Виена е еден од најнаселените градови во Европската унија, а тоа не го спречи да биде еден од градовите со најчист воздух во светот. Виена и понатаму може да се пофали со импресивен индекс на квалитет на воздухот, кој се смета за прилично безбеден за локалното население и за туристите.

- Advertisement -

Хелсинки, Финска
Главниот и најнаселен град во Финска исто така е и социјален, културен и политички центар на земјата. Сепак, воздухот во Хелсинки е чист, провиден и се смета за еден од најбезбдните во светот. Ваквиот квалитет на воздхот делумно е последица на бројните шуми кои ја опкружуваат земјата. Хелсинки е и еден од најдобрите градови за живот, а квалитетот на воздухот игра главна улога во рангирањето на условите за живот.

Цирих, Швајцарија
Цирих е живописен град на северната страна на Циришкото Ецеро во Швајцарија и воедно е најголем град во земјата. Градот е главниот финансиски центар во Европа и е најпознат град во Швајцарија. Квалитетот на воздухот е толку добар колку што е убав градот. Цирих веќе неколку децении се наоѓа на листата со градови со најчист воздух во светот. Додека туристите доаѓаат да ја видат елеганцијата на градот, квалитетот на воздухот е шлагот на тортата.

- Advertisement -

Гетеборг, Шведска
Гетеборг е втор по големина град во Шведска и се наоѓа на западниот брег. Градот има мала густина на население, што помага воздухот да биде чист и безбеден за дишење.

(Bizlife)

(фото: Malraux, Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -