Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

- Advertisement -

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври.

– Многу е важно децата да стекнат навики за штедење од најрана возраст. Тоа ќе ги направи поодговорни возрасни личности. Има тендеција за зголемување на навиките за штедење во последните години, се разбира секој во рамките на своите можности – рече Елена Поцков од Халкбанк.

- Advertisement -

Педесетина дечиња цртаа и твореа под менторство на инспиративната Ана Голејшка-Џикова која низ рима ги забавуваше повеќе од три часа придружувана од слончето Халки, најдобриот пријател на децата. Голејшка-Џикова го промовираше и „Букварот на Халки“, најновото издание на Халкбанк наменето за децата. Станува збор за интересно и креативно решение во кое се дефинирани бројни финансиски поими низ слики, многу бои и забавни содржини преку кои децата на лесен начин се запознаваат со основните финансиски поими. Овој проект е работен во соработка со креативната агенција „Ефектива“.

Во попладневните часови беа промовирани „Идолите на Халки“ – 12 исклучително талентирани деца од Македонија чии достигнувања се претставени низ 12 видеоприказни изработени во соработка на Халкбанк со порталот Умно.мк. Тоа се Сара Јанковиќ (пливачка), Димитар Рангачев (талент за местење лего коцки), Јана Кепеска (балерина), Марио Брезовски (триатлонец), Христијан Арсов (дете со натпросечна интелигенција), Виола Имери (балерина), Ѓорѓи Чешмеџиевски (шампион во местење рубикови коцки), Талиа Василова (пејачка), Ана Велкоска (виолончелистка), Андреи Калин (првак во шах), Елвира Јангеловска (првак во ритмичка гимнастика) и Марија Џинова (ликовен талент). Сребра Ѓорѓијевска, новинарка и ко-основач на порталот поразговара и ги претстави присутните таленти. На видеобим беа прикажани сите 12 видеа, а Халки им врачи ваучер од Халкбанк како поддршка на нивните активности.

- Advertisement -

Ова се само неколку од низата активности на Халкбанк АД Скопје која како општествено одговорна компанија е присутна во многу области од секојдневниот живот во Македонија. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, грижа за културното наследство и трајните вредности, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики. Финансиската едукација на најмладите е една од последните активности што ќе продолжат и во иднина.

Сподели!
- Advertisement -