Во „Што го врти светот“ Елена Бубало и Атанас Михаловски: Од програмер и биохемичарка до фитнес тренери и претприемачи

- Advertisement -

Тие се фитнес тренери, кои првично завршиле факултети за програмер и био-хемичар. Денеска, покрај фитнес центарот – Фитнес Фабрика, имаат и subscription based апликација за вежбање и производ – здрави чоколадни барови кој се продава на многу продажни места во Македонија. Елена и Атанас се успешни во градење на заедници на пријатели и следбеници, преку нивните социјални медиуми, но и преку грижата за луѓето кои доаѓаат и вежбаат кај нив. Имаат онлајн заедница од над 30 000 следачи.  Тие се партнери во бизнисот, но и во животот. Имаат две мали деца и зборуваат за тоа како заедницата во која живеат им помага да бидат успешни, да растат и да имаат семејство истовремено.

Дел од темите кои ги отворија Елена и Атанас во „Што го врти светот“ кај Јована се:

- Advertisement -
  • живеење и работење во заедница;
  • како најдобрите идеи за развој на бизнисот им дошле од верните вежбачи и блиски луѓе;
  • како да се мотивираме да станеме од кревет и да бидеме активни;
  • зошто е важно да ги учиме децата да спортуваат.

Погледнете ја Епизодата на линкот во продолжение:

Доколку Ве интересираат и останатите теми и епизоди истите можете да ги најдете на Youtube и Spotify каналите на „Што го врти светот“.

Сподели!
- Advertisement -