Виена е најповрзаниот град со железница во Европа

- Advertisement -

Според извештајот на водечката мрежа за организација на туризмот во градовите во Европа, City Destinations Alliance (CityDNA), за 2022 година, Виена е најдобро поврзан град со железница во Европа.

Градовите како Париз, Токио и Њујорк се на врвот на листата со најпосетени дестинации, додека некои нови градови како Буенос Аирес и Сеул се пробија на светската сцена. Дигиталните номади стануваат се побројна популација, што влијае на начинот на работа на градовите.

- Advertisement -

Како што соопштуваат виенските власти, извештајот е клучен извор на информации за статистиката за туризмот во градовите затоа што дава увид во трендовите на патување и туризмот во градовите ширум светот, ги анализира промените во побарувачката, популарните дестинации и новите навики во градските подрачја.

Резултатите покажуваат дека европскиот градски туризам се подобрува и покрај огромните последици од пандемијата на корона вирусот во текот на последните години. Стапката на раст на ноќевање значително порасна во 111 од 115 градови од 26,4% на 43,1%. Најпопуларните градови за 2022 година биле Лондон, Париз и Истанбул.

- Advertisement -

Со извештајот се става акцент на одржливоста и се третира влијанието на емисијата на јаглерод диоксид врз турзимот. Освен тоа, детално се истражени преференците на патниците, при што летните месеци биле најпрометни за патување.

Германските и швајцарските градови имаат најголем број на меѓународни возови. Со просечна бројка од 126,9 меѓународни возови дневно изминатата година, Виена е на петто место на европската листа со градови. Меѓутоа, ако се набљудува бројот на поврзани држави и станици, Виена е најдобро поврзан град со железница во Европа.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -