Марјан Ненов ја креира CarbCoin, иновативна платформа за дигитален маркетинг на зелени производи и здрав начин на живот

- Advertisement -

CarbCoin е нова иновативна платформа наменета за поддршка на зелени производи, услуги и здрав начин на живот. Нејзиниот креатор Марјан Ненов вели дека целта е преку платформата да се мотивираат клиентите да ја чуваат природата, да учествуваат во циркуларната економија, да спортуваат или да го поддржат социјалното претприемништво.

Преку CarbCoin граѓаните кои ќе се едуцираат, одат во теретана, кои ќе го соберат ѓубрето од кејот на реката или селектираат отпад ќе бидат наградувани. Награди ќе добиваат и компаниите кога „зелено“ ќе се сертифицираат, ќе вработат лица со посебни потреби или ако се дел од циркуларната економија.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Марјан, објаснете ни што е CarbCoin?

- Advertisement -

CarbCoin е повеќедимензионален иновативен проект и во суштина претставува дигитален зелен маркетинг. Всушност, ние развиваме нов маркетинг со кој на компаниите ќе им ги приближиме нивните клиенти, ќе изградиме посилни врски меѓу нив и креираме програм за лојалност. Од друга страна, CarbCoin преставува платформа за наградување и дигитална едукација на корисниците.

За кого е наменет продуктот, кои се потенцијалните клиенти?

- Advertisement -

Првата целна група се компаниите кои со дел од своите буџети за маркетинг ќе можат да добијат DGM (Digital Green Marketing) пакети кои ќе ги користат за привлекување на нови корисници и наградување на постоечките. Логото на CarbCoin ќе додаде нова вредност на нивните производи. Компаниите ќе имаат и други бенефиции на платформата, ќе можат да објавуваат акции, да се рекламираат, да нудат нови иновативни попусти… За нив е најважно што го добиваат ДГМ по пониски цени, го користат по желба, а еден дел од финансиите може да им се врати преку реферален систем поддржан од CarbCoin. На ваков начин се зголемува бројот на корисници на CarbCoin платформата, а бенефитот го имаат компаниите и нивните клиенти.

Кои се бенефитите од неговото користење?

CarbCoin платформата е наменета за поддршка на зелени производи, услуги и здрави начини на живот. Целта е да се мотивираат клиентите да ја чуваат природата, да учествуваат во циркуларната економија, да спортуваат, да го поддржат социјалното претприемништво… Граѓаните ќе бидат наградени кога ќе се едуцираат, кога одат во теретана, кога ќе го соберат ѓубрето од кејот на реката, ако селектираат отпад… Компаниите, пак, ќе бидат наградени кога „зелено“ ќе се сертифицираат, кога ќе вработат лица со посебни потреби, ако се дел од циркуларната економија… Наградите се варијабилни и нивната вредност се очекува да расте со текот на времето, односно со приклучување на нови компании со нивни производи и услуги, со нивната продажба, со нови корисници на платформата и многу други активности.

На платформата има и дел за дигитална едукација каде членовите ќе можат да се едуцираат за сигурно чување и користење на нивните стекнати средства. Бенефитите се огромни, а мотивацијата е финансиска и еколошка.

Зошто развивате токму ваков продукт? За кој пазар е наменет?

Замислете да платите за нешто што го користите, а средствата да ви се вратат по некој временски период. Зборуваме за cash back од 30%, 50%, 100% па и повеќе. Ако ова го добиете тогаш со истите пари пак ќе си купите нов производ или услуга поддржани од ДГМ. Па дури и ако е поскапо ќе го платите ако знаете дека парите ќе ви се вратат. Нема ограничување за пазарот, проектот може да се реализира во секоја земја. Тимот на CarbCoin ќе одлучи каде е најдобро да се започне.

Во која фаза на развојот е во моментот, барате ли инвеститори?

Во моментот проектот е во фаза на заштита, се вршат разговори за спојување и проширување со друг компатибилен проект кој ќе користи иста платформа со што побрзо би се достигнала посакуваната вредност и цели. Членовите на тимот имаат големо искуство во претходни дигитални системи, во градење на мрежи, маркетинг, право, едукации и економски системи. Најголемиот предизвик ни е создавање на добар и константен програмерски тим кој ќе го прати менаџерскиот состав.
Финансии требаат, буџетот е оформен. Се преговара со инвеститори и бизнис ангели, дел од иницијалните средства се обезбедени, за остатокот размислуваме за предпродажба и краудфандинг. Но отворени сме за нови партнери и финансиери кои имаат капацитет да ја разберат идејата и да ја поддржат.

Што е тоа што го разликува од слични продукти на пазарот, има ли иновативна компонента?

Нови технологии се појавуваат се почесто, се е динамично, светот се менува. Сакаме да понудиме производ што ќе ја промени играта, ќе биде сеопшто прифатен, кој ќе мотивира и ќе биде корисен. Го спојуваме дигиталниот свет и маркетингот, ги зацврстуваме врските на компаниите со своите клиенти, ја градиме нивната конкурентност, додаваме вредности и ги насочуваме луѓето кон природата и здравите начини на живот. За да го постигнеме ова освен мотивација нудиме и бесплатна доедукација. Системот не се финансира од корисниците, тие се наградени. Нивните награди се варијабилни, сигурни и растат со текот на времето. Проектот е иновативен и ќе се доградува и проширува со нови иновативни модули.

Какви се вашите планови за во иднина, во врска со развојот на CarbCoin, но и генерално?

Најбитно е да се постават цврсти основи на CarbCoin, да се испланира добро, предвидат ризиците и најдат решенија за идните проблеми. Размислуваме во кои држави да стартува проектот, каде е најповолна законската основа, економска ситуација, зелената свест на населението. Кога ќе се инсталираме во иницијалните места секако дека ќе сакаме да се прошириме и на нови пазари.

Кажете ни нешто повеќе за себе и вашиот стартап, дали работите на други проекти и какви?

Се сметам себеси за иноватор, иноваторите размислуваат различно од другите, „надвор од кутијата“, бараат предизвици, пливаат спротивно на течението на реката. Идеите се создаваат, се тестираат, се докажуваат. Ако се создадат услови и оформи добар тим тие се реализираат.

CarbCoin е мојата втора иновација на која работам. Првата е „Еко Сан“ за која обезбедивме иницијални средства за тестирање и развој. Проектот работи на собирање, транспорт и искористување на сончевата енергија за производство на струја, топлина, ладење и храна. Но за тоа повеќе во некое друго интервју.

Сподели!
- Advertisement -