ЕУ трајно забрани таргетирано огласување на Facebook и Instagram

- Advertisement -


Европскиот регулатор трајно забрани бихејвиорално огласување на Facebook и Instagram, со што се надоврза на одлуката на Норвешка. Тоа значи дека ваквото огласување ќе забрането во сите земји на ЕУ и на Европскиот економски простор.

Европскиот одбор за заштита на податоци му наложи на регулаторот за заштита на податоци во Ирска, каде што се наоѓа европското седиште на Metа, во рок од две недели на компанијата трајно да и го забрани бихејвиоралното огласување, пишува Reuters.

- Advertisement -

Компаниите во таквото огласување се базираат на податоци за склоностите и интересите на корисниците за таргетирано да им промовираат производи и услуги. Meta се спротивстави на обидите да се укине таквата пракса. Ако ја прекрши забраната, сега на компанијата и се заканува казна во висина и до 4% од глобалниот промет.

Meta пред неколку дена ги потсети корисниците од ЕУ и ЕЕА дека планира да им понуди шанса за дозвола за обработка на податоци и дека во текот на овој месец ќе понуди модел на претплата за да ги испочитува барањата на регулаторите.

- Advertisement -

Од почетокот на август на Meta и се заканува казна од над 80.000 евра дневно во Норвешка ако направи грешка во однос на приватноста на корисниците при употребата на нивните податоци од типот на локација или прегледани содржини со цел таргетирано огласување, што е вообичаена пракса на технолошките компании.

Оваа сума во иднина може да биде и повисока затоа што сега станува збор за трајна забрана на таквата пракса на ниво на ЕУ/ЕЕА. Одлуката опфаќа речиси 250 милиони корисници на Facebook и Instagram во Европа.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -