Наскоро луѓето повторно ќе се качат на Месечината во рамките на мисијата Artemis III. Иако на чело на овие мисии се Американците, во проектот учествува и Европската вселенска агенција, која ќе го обезбеди сервисниот модул кој ќе служи за кконтрола на водата, воздухот, струјата, погоните и температурата, но и други делови од опремата. Меѓу нив е и новата камера наречена Handheld Universal Lunar Camera (HULC), која веќе се тестира на Земјата, а наскоро треба да ја тестираат и астронаути на Меѓународната вселенска станица.

За разлика од четирите Hasselblad камери со објективи Harrison Schmidt од 60 мм, кои се користеле на почетокот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век во мисиите Apollo, новата камера не е само на еден производител, туку Европската вселенска агенција ја дизајнираше самостојно, со користење на делови од стандардни камери со голема осетливост на светлина и најсовремени објективи. Засега уште не е објавено чие производство се компонентите затоа што производот уште не е финализиран.

Иако камерата ја напаравија европски инженери, тимот на НАСА направи неколку измени, како додавање покривачи за заштита од прашина и топлина со оглед ан тоа дека температурите на Месечината се движат од -200 до 120 степени Целзиусови.

Камерата на Земјата ја тестираа и некои астронаути на НАСА и на Јапонската вселенска агенција, кои правеле фотографии среде бел ден, но и во мракот на вулкански карпи за да ги симулираат екстремните услови за фотографирање на Месечината.

HULC ќе биде првата камера без огледало за рачна употреба во вселената. Фотоапаратите без огледало даваат одличен квалитет на сликата во ситуации кога има слабо осветлување, што е соодветно за средини со висок контраст како Месечината, а ќе прави и видеа.

(Vidi.hr)

(фото: ESA)

Сподели!