Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

- Advertisement -

Исто така, не е точно наведеното дека со копирањето и пејстирањето на објавата што е предмет на нашата рецензија „се ажурира системот”. Иако не е јасно што се мисли под тоа ажурирање, објавувањето на оваа порака не менува буквално ништо во врска со начинот на користење на фотографиите.

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата Мета. Што се однесува на фотографиите, со самата одлука да ги споделите на Фејсбук има посебни услови за нивно користење и објавувањето на оваа порака не менува буквално ништо во врска со начинот на користење на фотографиите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

- Advertisement -

Објавата е конфузна и автоматска, преведена на лош и непрофесионален начин, автоматизирано, но во неа може јасно и прецизно да се идентификуваат неколку дезинформации. Првата е таа дека Фејсбук ќе им наплаќа на сите корисници 4,99 долари почнувајќи од понеделник и дека доколку пораката од објавата ја ископирате, тогаш вие ќе бидете изземени од плаќањето. Ова е чиста измислица.

Не треба да ја копирате и споделувате пораката на Фејсбук, за да добиете бесплатно користење на Фејсбук. Воопшто никој не споменал наплата.

- Advertisement -

Извор – Мета

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -