Италија е првата земја во светот која ќе забрани синтетичка храна

- Advertisement -

Италија ќе забрани синтетичка храна, изјави министерот за земјоделство ФРанческо Лолобриџида. Со тоа Италија ќе биде првата земја во светот која ќе воведе таква забрана.

Во понеделник во италијанскиот ппарламент ќе се дискутира за забраната, со која ќе се забрани производството, увозот и рекламирањето на храна произведена во лабораторија.

- Advertisement -

„Италија ќе биде првата нација во светот која нема да користи синтетичка храна и со тоа сакаме да поставиме пример за тоа како може да се регулира тој проблем. Ние избравме да воведеме превентивни мерки. Квалитетот на храната е најбитен и не можеме да дозволиме општеството да ни се подели на два дела, а квалитетната храна да се произведува само за богатите. Ние веруваме дека секој има право добро да се храни“, изјави министерот Лолобриџида.

Некои од европските комесари го делат неговиот став и истакнаа дека се залагаат за природно земјоделство и сточарство. Синтетичкото месо не е месо и синтетичкото млеко не е млеко. На страната сме на природните производи и да се користи името на природниот производ и за синтетичкиот, според нас, не е правилно, велат некои од комесарите.

- Advertisement -

(Euractiv)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -