А1 Македонија се вклучи во иницијативата “Social Day!” и ги отвори вратите за 15 млади и амбициозни средношколци

- Advertisement -

А1 Македонија со имплементација на ESG во својата стратегија се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување. Како дел од своето залагање кон заедницата компанијата се вклучи во иницијативата “Social Day!” и на еден ден им ги отвори вратите на 15 млади и амбициозни средношколци кои сакаат да се запознаат со работната култура и основите на работење на една корпорација.

Иницијативата е организирана од страна на Здружение на граѓани Младите можат“, а со поддршка на А1 Македонија, преку уникатен и систематски пристап им дава можност на младите средношколци еден нормален училишен ден да го заменат со посета на компанијата, да осознаат како изгледа еден работен ден на одредена позиција, да се запознаат со водечките вредности и корпоративната култура.

- Advertisement -

„А1 Македонија секогаш е отворена за младите кои се љубопитни, кои сакаат да учат и да ги надградуваат своите вештини, а во овој случај и за средношколците кои сакаат да осознаат како изгледа еден работен ден. Ова е одличен показател дека кај младите постои амбиција и дека уште од средношколските денови сакаат да дознаат во која линија може да се развива еден кариерен пат. Вкупно 15 средношколци беа распоредени на различни локации и ги посетија нашите работни простории во Скопје, Битола и Охрид и имаа можност видат како одвнатре функционира една корпорација, да добијат увид во основните процеси на работа, можностите и предизвиците со кои се соочуваме“, изјави Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Генералната цел на “Social Day!”  е промовирање на солидарност помеѓу младите и поттикнување на нивно активирање во заедницата, за време на нивните средношколски денови и поттикнување на општествена одговорност во бизнис заедницата. Тоа што дава посебна вредност на целата иницијатива е залагањето и на младите кон заедницата, па дневницата којашто би ја добиле за работењето на еден ден ја донираат во младински фонд којшто ќе поддржи минимум два младински проекти за подобрување на образованието.

Сподели!
- Advertisement -