Научниците веруваат дека ова ќе биде најтоплата година во последните 125.000 години

- Advertisement -

Оваа година ќе биде најтоплата во последните 125.000 години, објавија вчера научниви од агенциите на ЕУ откако податоците за минатиот месец покажаа дека тоа е најтоплиот октомври во историјата.

Минатиот месец со значителна разлика го собори рекордот за најтопол октомври од 2019 година, објави Службата за климатски промени Коперникус. Рекордот е соборен со 0,4 степени што е голема разлика, велат од Коперникус.

- Advertisement -

Топлината е последица на емисијата на стакленички гасови како последица на човечки активности во комбинација со враќањето на Ел Нињо, кој г загрева површинските боди на истокот на Тихиот Океан, пишува Reuters.

Глобално, просечната температура во октомври беше 1,7 степени повисока отколку во периодот од 1850 до 1900 година, кој Коперникус го дефинира како прединдустриски период. Рекордно топлиот октомври значи дека 2023 година речси сигурно ќе биде најтоплата година кога било откога постои мерење, велат од Коперникус. Минатиот рекорд во 2016 година исто така беше во Година на Ел Нињо.

- Advertisement -

Коперникус има податоци од 1940 година наваму. Кога ќе ги споредиме нашите податоци со податоците на Меѓувладиниот панел за климатски промени, тогаш можеме да кажеме дека ова е најтоплата година во последните 125.000 години, велат од Коперникус.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -