НАСА откри дека Земјата задржува двапати повеќе топлина отколку во 2005 година

- Advertisement -

Од НАСА велат дека Земјата сега задржува двапати повеќе топлина отколку пред околу две децении. Тоа зголемување на топлината е еднакво како сите на Земјата одеднаш да приклучат по 20 електрични ѓезвиња.

Научниците го измериле енергетскиот дисбаланас на Земјата и откриле дека тој дисбаланс двапати се зголемил од 2005 до 2019 година. Тоа зголемување делумно е резултат на зголемената емисија на стакленички гасови, а делумно на природни феномени како што е цикличното затоплување на Тихиот Океан.

- Advertisement -

Не можеме да ги смениме природните циклуси на Земјата, но можеме да го намалиме тој дисбаланс така што ќе ја намалиме емисијата на стакленички гасови.

За да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 степени, мора да ја намалуваме емисијата на стакленички гасови по 7,6% годишно до 2030 година.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -