Американската агенција за храна и лекови го одобри лекот за слабеење Zepbound

- Advertisement -

Американската агенција за храна и лекови FDA пред неколку дена го одобри лекот за слабеење на американската компанија Eli Lilly, со што и се овозможи влез на тој профитабилен пазар.

FDA ја одобри продажбата на тирзепатид за продажба под името Zepbound за возрасни лица чиј индекс на телесна маса е најмалку 30 или 27 ако пациентот има и други здравствени проблеми поврзани со тежината, како што се кардиоваскуларните болести.

- Advertisement -

Гојазноста и прекумерната тежина се сериозен проблем кој се поврзува со некои од водечките причини за смрт како што се кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дијабетес, велат од Центарот за истражување и евалуација на лекови на FDA.

Тирзепатид веќе е одобрен под трговскиот назив Mounjaro за дијабетес тип 2, а се повеќе се користи губење телесна маса пред официјалното одобрение на Агенцијата за храна и лекови.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -