Најголем дел од бизнисите во Македонија се микро трговски фирми

- Advertisement -

Во земјава минатата година активно работеле 66 830 пазарноориентирани деловни субјекти, во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, а оствариле вкупен промет од 2 056 948 милиони денари и додадена вредност од 388 623 милиони денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во земјава минатата година активно работеле 66 830 пазарноориентирани деловни субјекти, во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, а оствариле вкупен промет од 2 056 948 милиони денари и додадена вредност од 388 623 милиони денари, соопшти Државниот завод за статистика.

- Advertisement -

Деловните субјекти ангажирале 435 468 вработени лица, за што издвоиле 196 552 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 38.4 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 25.4 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 12.9 %, Градежништво со 5.6 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %. Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.4 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 21.2 %.

- Advertisement -

Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.7 % од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91.2 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата.

- Advertisement -

Со ангажирани 35.4 % од вкупно вработените, тие создале 22.9 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 24.4 % од вработените, создаваат 31.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (12.0 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.2 % од вработените и создадоа 45.8 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Фото – Stock Snap

Сподели!
- Advertisement -