Преку проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ dm дрогерие маркт обезбеди нови 400 дрвја за парк шумата „Гази Баба“

- Advertisement -

Најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт втора година по ред успешно го реализира големиот национален проект за поздрава животна средина „Пошумуваме заедно за позелено утре“. Проектот кој започна минатата година, во чии рамки беа засадени 27.000 садници на територијата на с. Миладиновци во Скопје и модернизација на опремата на ЈП Национални шуми, оваа година се реализира во три етапи.

Истиот започна во месец октомври, со хортикултурно уредување на училишниот двор на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица, каде претставници на компанијата заедно со своите институционални партнери од Општина Струмица и ЈП Комуналец Струмица, заедно со сите дечиња од генерацијата од шесто одделение од училиштето го уредија училишниот двор посадувајќи речиси 200 нови садници.

- Advertisement -

На 12 ноември се реализираше и втората етапа од проектот, каде вработени од dm дрогерие маркт со поддршка на Град Скопје и екипи од ЈП Паркови и зеленило – Скопје, се погрижија за садењето и пошумувањето на трим патеката во Парк шумата „Гази Баба“ во Скопје со 400 дрвја, со кои дополнително го оплеменија и разубавија едно од омилените места за релаксација на граѓаните.

Последното пошумување за оваа година ќе се случи на 26 ноември, кога ќе се реализира уште едно масовно пошумување на 30.000 садници во непосредна близина на Кумановско, на неодамна опожарена територија. За време на садењето доброволно ќе учествуваат вработени од компанијата dm, но целта е во проектот да се приклучат и што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои ЗАЕДНО ЌЕ ПОШУМАТ нови зелени површини.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на оваа акција можат да го направат тоа на следниот линк.

- Advertisement -

Со огромно задоволство можеме да потврдиме дека проектот изминатата година достигна значителен успех и токму тоа беше дополнителен мотив за нас да го продолжиме проектот и оваа година и истиот да прерасне во традиција. Успешната реализација на проектот немаше да биде возможна без активното учество и заложба на сите наши колеги и колешки, кои од самиот почеток го препознаа позитивниот карактер на овој проект и несебично го дадоа својот придонес во засадувањето на сите дрвја до сега.

Исто така благодарни сме што како компанија наидовме на максимална поддршка и разбирање од страна на нашите институционални партнери: ЈП паркови и зеленило, Град Скопје, ЈП Национални шуми, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоенженеринг „Ханс Ем“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои несебично ја даваат својата поддршка и со нивното стручно знаење даваат голем придонес за успешната реализација на проектот. Овој проект без нивната поддршка не би можел да се реализира и токму поради тоа сакаме да ја истакнеме нивната важност“ – изјавија од dm дрогерие маркт.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -