Најдобрите и најпаметните луѓе во светот одат во овие земји

- Advertisement -

Според Глобалниот индекс на најталентирани земји во светот, кој го состави бизнис школата Insead, Швајцарија уште еднаш е прогласена за најталентирана зема во светот.

Оваа европска земја е прва на листата 10 години по ред поради високото ниво на социјална заштита и квалитетната природна средина, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Сингапур, исто така, е добро рангиран на второ место благодарение на високо образованите работна сила и иновативната економија, а после него следуваат САД, што е скок за едно место во споредба со 2022 година.

Годишниот извештај покажа дека 134 земји привлекуваат и ги задржуваат своите таленти. Првите десет земји останале стабилни и во текот на минатата деценија, а Швајцарија и Сингапур постојано се на врвот.

- Advertisement -

Данска, Холандија, Финска и Норвешка се на четврто, петто, шесто и седмо место. Австралија е осма по ред, Обединетото Кралство е на десетто место.

Квалитетот на животот и одржливоста ќе бидат критични предности за земјите кои сакаат да станат центар на таленти.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -