ВИДЕО: Највредната виолина во светот стигнува во Белград

- Advertisement -

Фондацијата Новак Ѓоковиќ во соработка со поштата на Австрија на 18 ноември приредува ексклузивна презентација „Виолина од осмиум“, највредната нова виолина во светот.

Концерт на оваа виолина за избрана публика ќе одржи прославениот српски виолинист Стефан Миленковиќ. Белград е избран за една од 17 дестинации ширум светот каде што ќе биде претставена виолината пред конечната продажна аукција на крајот од турнејата.

- Advertisement -

Виолината од осмиум е составена од редок благороден метал со кристален сјај и квалитет кој од 2014 година се наоѓа на светската берза на благородни метали. Виолината претставува вистинско уметничко ремек дело и според моментални стручни проценки, ова е највредниот гудачки инструмент направен во современа доба.

Проектот за виолината го осмислиле Карл Грошедл и Курт Асам од Грац, а креатор на виолината е прославениот конструктор на скапоцени виолини, Едгар Рус, кому покојниот султат од Оман, Кабус Бин Саид, му порача да ја изработи досега една од најскапите виолини во историјата.

- Advertisement -

На Едгар Рус му биле потребни 32 месеци за да ја изработи виолината од осмиум, која е долга 67 см. Составена е од 541 парчиња осмиум,украсени со скоро 300 дијаманти, рубини, сафири и каворити. Секој од ниве ставен на подлога од 18-каратно злато.

Виолината од осмиум свечено беше претставена во Лихтенштајн во март годинава.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Edgar Russ)

Сподели!
- Advertisement -