Најголемиот млазен мотор во светот успешно беше стартуван до максимална моќност

- Advertisement -

Компанијата Rolls-Royce објави дека успешно го стартувал својот UltraFan технолошки демонстратор на максимална моќност во својот погон во Дерби, Обединето Кралство, а почетната фаза е спроведена со користење на 10% одржливо авионско гориво.

Ова е многу битен пресврт за демонстраторот UltraFan, кој по прв пат беше успешно тестиран претходно годинава. Оттогаш UltraFan тимот постапно ја зголемувал моќноста во склоп на ригорозен режим на тестирање и демонстраторот покажал резултати во склоп на очекувањата.

- Advertisement -

UltraFan носи 100% подобрена ефикасност во однос на Rolls-Royce Trent XWB, кој е евеќе најефикасен авионски мотор во светот кој е во употреба. Скалабилната технологија на UltraFan од ~25.000-110.000 фунти потисна сила нуди потенцијал за погон на нови и авиони со тесен и широк труп, кои се очекуваат од 2030 година натаму.

UltraFan демонстраторот беше покренат со полна снафа во најголемиот и најпаметниот затворен простор а тестирање авионски мотори во светот – Testbed 80 во Дерби, Обединето Кралство.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Rolls Royce)

Сподели!
- Advertisement -