Amazon наскоро ќе овозможи купување автомобил онлајн

- Advertisement -

Amazon се подготвува да додаде автомобили и теренци на големиот список со работи кои ги продава онлајн. Луѓето ќе можат да купуваат Hyundai возила на Amazon благодарение на договорот со јужнокорејскиот производител на автомобили.

Меѓутоа, вашиот нов автомобил нема да биде испорачан на домашна адреса. Кога ќе го изберете своето возило од инвентарот на локалниот дилер со Нyundai, ќе го преземете автомобилот во продавница, како и секогаш кога се купува автомобил.

- Advertisement -

Законите во најголем дел од американските држави ги штитат автосалоните од производителите на автомобили кои би можжеле да продаваат директно на потрошувачите. Можноста за купување онлајн беше причина за спорови на компанијата на Илон Маск, Teslа, за Rivian и за други производители на автомобили, кои сакаат да работат директно со купувачите.

Од Amazon велат дека нивната цел е да го направат искуството беспрекорно и што повеќе да личи на онлајн купување автомобил. Купувачите на Amazon ќе можат да ги пребараат залихите на дилерите преку веб локациите на Amazon, да ја видат цената и да кликнат на едно копче за да почнат со купувањето автомобил. Купувачите ќе можат да бираат меѓу возила кои се наоѓаат во залихите на дилерите.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -