Илон Масk: Луѓето ќе можат да ги продадат своите домови на Земјата и да се преселат на Марс!

- Advertisement -

Основачот и извршен директор на компанијата SpaceX, Илон Маск, тврди дека луѓето ќе можат без проблеми да ја напуштат Земјата и да започнат нов живот на Марс. Маск со своите следбеници на Twitter сподели интересен став.

„Верувам дека преселбата на Марс еден ден во иднина ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби и помалку од 100.000 долари. Ќе биде доволно пристапна цената за најголем дел од луѓето со пособра финансиска ситуација да можат да ги продадат своите домови на Земјата и да се преселат на Марс“, напиша Маск.

- Advertisement -

Тој додаде дека тие на кои нема да им се допадне животот на Марс ќе можат да се вратат на Земјата целосно бесплатно. Овие коментари следуваа откако Маск откри нови детали за ракетниот мотор Raptor и за леталото Starship, кое ќе овозможи летови до Месечината и до Марс.

Маск истакна дека Raptor го запалиле неколку пати, а сподели и некои технички податоци од тестирањата. Моторите на Raptor се клучни за функционирање на леталото Starship, кое веројатно ќе има шест мотори.

- Advertisement -

SpaceX планира да го тестира прототипот со Raptor мотори во близина на Браунсвил во Тексас. Крајната цел на Маск е на луѓето да им овозможи патување и живот на Марс. Својата визија ја откри во 2015 година  изјави дека сака да направи резервна планета доколку нешто ужасно и се случи на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -