Можностите и тешкотиите со кои се соочуваат претприемачите и сопствениците на бизниси брзо се менуваат заедно со остатокот од светот.Било да сакате да стартувате сопствена фирма или да се приклучите на етаблирана компанија, мора да имате на ум неколку работи: леснотија на основање бизнис, пазарен потенцијал, даночна структура, иновативен екосистем, квалитет на работна сила итн.
Врз основа на најновата статистика и трендовите од различни извори, во продолжение погледнете ја листата со некои од најдобрите земји за стартување бизнис во 2024 година.
Дубаи
Дубаи е еден од седумте емирати од кои се состојат ОАЕ. Дубаи е познат по начинот на живот, разноликата култура и динамичната економија. Нуди многу погодности за бизнис номадите и компаниите, посебно во различните слободни зони. Во Дубаи има околу 40 слободни зони кои опслужуваат низа сектори. Визата за бизнис посетителите овозможува влез во Дубаи за краткорочна бизнис посета, како што е состанок, конференција или саем. Инвеститорската виза овозможува влез во Дубаи за инвестиции во постоечки или нов бизнис ако најмалку 10 милиони дирхами се инвестирани во една или повеќе компании во Дубаи.
Ирска
Ирска е мала островска држава која е членка на еврозоната и на ЕУ. Позната е по тоа што е центар на иновации, образование и култура, како и топла дестинација за туристи и инвеститори. Ирска има неколку слободни зони кои нудат даночни олеснувања, царини и поедноставни процедури. За да влезете во висококвалификувана професија, која е барана на ирскиот пазар на труд, потребно е дозвола за вработување.
Обединето Кралство
Уште една омилена дестинација за претприемачи и сопственици на компании е Обединетото Кралство, посебно во секторите финтек, е-трговија, биотехнологија, игри и креативни индустрии. Велика Британија има голем и софистициран пазар, успешен екосистем за иновации, поволна даночна структура и силен правосуден систем.
САД
За претприемачите и сопствениците на компании САД се едно од најатрактивните места поради огромниот и разнолик пазар, силната иновациска култура, богатството и работната сила, но и поволната регулаторна средина.
Австралија
Австралија е уште една поволна дестинација за претприемачи и сопственици на компании, посебно во индустрии како образовна технологија, здравствена технологија,чиста технологија и туризам. Австралија нуди безбедна и успешна технологија, гостољубива регулаторна средина, богата и разнолика база на природни ресурси и широко достапен образовен систем.За влез во Австралија како долгорочна бизнис посета потребна е посебна виза.
Канада
Канада е голема и разноликаземја со силна економија, добар политички систем, висок животен стандард и гостољубива култура. Канада има 12 надворешно трговски зони, кои имаат забрзани царински процедури, даночни и тарифни олеснувања. Некои од начините на кои ова може да помогне во стартувањето бизнис во Канада вклучува групна виза за бизнис посетители, како и дозвола за посета на Канада
Нов Зеланд
Нов Зеланд е мала, но просперитетна островска држава со репутација на лидер во еколошка одржливост, општествена добросостојба и културна разноликост. Влезот во Нов Зеланд со претприемничка работна виза ви овозможува да стартувате бизнис или да управувате со фирма со висок раст.
(Investitor.me)