Градот Берлин планира да тестира левитациски воз на патека долг 5 км. Се очекува дека лебдечкиот воз ќе биде поевтин и дека градењето на пругата ќе трае пократко отколку што би траело градењето на нова подземна железница.
Освен тоа, овој воз треба да сообраќа без возач. Берлинските медиуми пишуваат дека социјалдемократите на Олаф Шолц го прифатиле тој план. Изградбата на пругата, според проценките, ќе чини од 80 до 85 милиони евра, а ќе се финансира од посебен фонд, вреден 5 милијарди евра, за проекти кои треба да ги ублажат климатските промени.
Не се познати детали за патеката, а не е познато ниту кога ќе почне изградбата на пругата.
Западен Берлин имал кратка линија за магнетни возови M-Bahn од 1984 до 1991 година, која во почетната фаза била само пробен проект, а потоа била вклучен во промет. После обединувањето на Германија проектот бил напуштен.
(Zimo)
(фото: Flickr)