Американската вселенска агенција НАСА успешно го тестираше својот ласер во длабоката вселена. НАСА на 14 ноември прими ласерски сигнал испратен со помош на иснтрумент испратен со вселенското летало Psycho, кој моментално се наоѓа на 16 милиони километри од Земјата и патува кон мистериозен метален астероид.
Вселенското летало е оддалечено од нашата планета повеќе од 40 пати од просечната оддалеченост меѓу Земјата и Месечината и постојано се оддалечува. Овој момент го одбележа првиот успешен тест на системот Deep Space Optical Communications (DSOC) на НАСА, кој е комуникација од следната генерација и испраќа информации со помош на ласерска светлина, а не преку радиобранови.
Ова е дел од низата тестови кои ги прави НАСА за да ја забрза комуникацијата во длабоката вселена во рамките на различни мисии. Во другите мисии се тестирани ласерски комуникации во орбитата на Земјата или на пат до Месечината назад, но DSOC сега го помина најтешкиот тест на досега најголемо растојание. Како резултат на тоа астронаутите во наредните децении при патување до Марс или до Месечината би можеле да користат ласери за комуникација со Земјата.
Тестот почнал во Калифорнија во Лабораторијата за млазен погон. Инженери на ридовите над Лос Анџелес вклучиле ласер насочен во правец на леталото Psyche, а околу 50 секунди подоцна примопредавателот на леталото го примил сигналот и потоа испратил одговор во опсерваторијата Паломар во близина на Сан Диего.
НАСА ќе продолжи да го тестира DSOC додека Psyche патува кон астероидот кој се наоѓа во појасот меѓу Марс и Јупитер. Леталото треба да стигне на својата дестинација во 2029 година, а потоа ќе помине 29 месеци во истражување на бизарниот метален свет.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)