Промовиран полнач за електрични тротинети на соларна енергија во општина Аеродром

- Advertisement -

Центарот за климатски промени (ЦКП) го промовираше првиот полнач за електични тротинети кој работи на соларна енергија, со што, велат тие, Аеродром стана првата општина во земјава во која полначот ќе биде достапен за сите граѓани.

„Полначот е поставен во дворот на основното училиште ‘Александар Македонски’, а бидејќи е прв од ваков вид кој се поставува во Македонија, тој ќе биде во фаза на тестирање до 1 декември, по што сите граѓани ќе можат бесплатно да го користат“, соопштуваат од Центарот.

- Advertisement -

Од таму се надеваат дека овој пример ќе биде поттик и за останатите општини да размислуваат во насока на поголемо искористување на сончевата енергија и да се овозможи средина каде автомобилите ќе се користат се’ поретко и ќе има чиста и здрава животна средина.

Инаку, полначот е реализиран во рамки на проектот на Центарот кој се вика „Патоказ до вашата еко-паметна општина“, финансиран од Амбасадата на САД, и истиот е целосно осмислен од тимот на ЦКП, во изведба на македонската компанија „Дарис Инженеринг“.

- Advertisement -

Фото: ЦКП

Сподели!
- Advertisement -