ЕБОР одобри ЕУР 9 милиони кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средстава за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од ЕУР 9 милиони наменет за ПроКредит Банка.

ЕБОР одобри ЕУР 2 милиони од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во Северна Македонија, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали, и средни претпријатија (ММСП), во сопственост или управувани од предприемачи под 35 години.

- Advertisement -

Церемонијата на потпишување на договорот со ПроКредит банка од Програмата Млади во бизнис, беше во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде беше промовирано претприемништвото кај младите, а каде учество земаа Народната банка на Република Северна Македонија, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, стартапи и акцелератори.

Неодамна лансираната Програма за Млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирањето и советодавните услуги. Во наредниве пет години, Банката планира да додели до ЕУР 100 милиони во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку не-банкарските институции под Програмата за Советодавни услуги за мали бизниси .

- Advertisement -

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од Владите на ШведскаИталија и Луксембург.

Средствата во износ од ЕУР 7 милиони од Програмата за зелено финасирање (Green Finance Facility – GFF) ќе се одобруваат  на локалните  мали и средни претпријатија (МСП). Покрај потребното кредитирање на домашните бизниси, ќе се доделуваат и грантови (до 10 отсто од износот на заемот) за поддршка на инвестициите во обновливи извори и енергетски ефикаснитехнологии.

- Advertisement -

Фондовите за техничка соработка под оваа програма ќе бидат наменети за  локалните банки кои се заинтересирани да финансираат и за локалните бизниси кои ќе имплементираат зелени проекти. Оваа комбинација на кредити и грантови е обезбедена од Заедничкиот фонд за одржлививи и развојни цели и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации,

Програмата за зелено финансирање е пилот заедничка иницијатива на ЕБОР, Развојаната Програма на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија. Таа обезбедува пристап до достапно зелено финансирање за малите и средни претпријатија, како и пазарни, но до сега не покриени групи на поединци и домаќинства, кои сакаат да инвестираат во обновлива енергија и енергетски ефикасни решенија, придонесувајќи кон намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот.

Северна Македонија се приклучи кон ЕБОР во 1993 година, и досега има инвестирано над ЕУР 2,6 милијарди во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да поддржи конкурентност, зелена транзиција и натамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари.

Сподели!
- Advertisement -