Викса и Марга од Сити, Метрополис и Клуб ФМ: Како успеа радиото да ги надживее сите медиуми?

- Advertisement -

Во најновата епизода од Што го врти светот се зборуваше за радио, со луѓе кои зборуваат на радио. Соговорници на Јована и беа двајца водители со повеќе од 30 години стаж во македонските радија. Кога се во прашање новите трендови во медиумите, радиото секогаш наоѓа начин да се приспособи. Па така, ако некогаш се пуштаа песни на плоча набавена од Лондон и се бараа станици со вртење на радио системите, денеска и хитовите и слушателите стигнуваат до музика на еден клик. За Викса светот го врти љубовта или страста која не тера да станеме порано, за да видиме што ќе се случи. За Марга пак, светот го вртат добрите идеи и креативноста.

Дали треба да бегаме од новите технологии или да ги прифатиме?

- Advertisement -

Приказната на Викса и Марга почнува пред повеќе од 30 години, кога ја снимаат првата реклама во подрум во куќа во скопската населба Тафталиџе. Слушнете ги радиските приказни директно од оние кои ги раскажуваат во најновата епизода.

Сите епизоди на поткастот „Што го врти светот“ може да го најдете на YouTube и Spotify платформите. Поктастот е креиран од Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, а истиот е поддржан од група на истакнати дигитални медиуми и медиумски поддржувачи.

Сподели!
- Advertisement -