Прва „HalkTalk” бизнис-конференција за жени претприемачки

- Advertisement -

Халкбанк со поддршка од Мастеркард (Mastercard) денеска во Филхармонија ќе ја организира првата „HalkTalk” бизнис-конференција за жени претприемачки.

Банката соопшти дека на конференцијата ќе се обратат успешни претприемачки од земјава, а  специјална говорничка ќе биде Агњешка Шпионек од Mastercard Advisors.

- Advertisement -

-Првото издание на  бизнис-конференцијата „HalkTalk” на едно место ќе ја собере бизнис-заедницата на жени.

Успешни и храбри жени, преку споделување на нивните инспиративни, креативни приказни и совети, ќе не приближат до патешествието кон „кариерата од соништата“, информира Халкбанк.

- Advertisement -

Конференцијата со поздрави обраќања ќе ја отворат Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк, и Вања Манова, директорка на Матеркард за Бугарија, Северна Македонија, Косово и Албанија.

Сподели!
- Advertisement -