Австралија од јануари го забранува увозот на е-цигари за еднократна употреба

- Advertisement -

Австралија од јануари идната година ќе го забрани увозот на „вејп“ за еднократна употреба со цел да ја стави под контрола зависноста од никотин кај децата, Ќе бидат воведени и нови закони кои спречуваат производство, огласување и испорака на уреди за еднократна употреба во земјата.

Оваа одлука е дел од пошироките напори на земјата целосно да се укине рекреативниот „вејпинг“. Инаку, „вејпингот“ се рекламира како начин да се прекине со пушење, но австралискиот министер за здравје вели дека тоа создало нова генерација на зависници од никотин.

- Advertisement -

„Вејп“ или електронските цигари се уреди на литиумски батерии кои имаат кертриџи наполнети со течности кои содржат никотин, вештачки ароми и други хемикалии. Од 2021 година наваму е противзаконско кој било Австралиец да купува или да увезува електронски цигари или никотински „вејп“ без лекарски рецепт, но и покрај тие ограничувања, стапката на зависност продолжува вртоглаво да расте.

Студија направена на Универзитетот Сиднеј во текот на оваа година покажа дека над 1/4 од тинејџерите на возраст од 14 до 17 години пушат, додека истражувањето на австралискиот Добротворен совет за рак открила дека 9 од 10 тинејџери од истата возрасна група имаат лесен пристап до никотински „вејп“.

- Advertisement -

Во мај годинава австралиската влада ја најави својата намера постепено да го укине „вејпот“ за еднократна употреба, но досега немаше дадено конкретна временска рамка. Сега велат дека забраната за „вејп“ за еднократна употреба че почне на 1 јануари, а то март ќе биде забранет влезот во земјата и занетерапевтските „вејп“ цигари, кои може повторно да се полнат, пишува BBC.

Увозниците и производителите кои испорачуваат терапевтски „вејп“ цигари исто така ќе мора да се придржуваат до построги државни прописи во врска со вкусовите, количината никотин и амбалажата на производите.

- Advertisement -

Експертите предупредуваат дека уште не се знае доволно за долгорочното влијание на „вејп“. Истражување на Универзитетот Џонс Хопкинс ги поврза „вејп“ цигарите со хронични заболувања на белите дробови и астма.

(Bizlife)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -