Бислимовски: од утре се враќа евтината дневна тарифа на струјата

- Advertisement -



Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во ТВ гостување рече дека од утре од 13.00 до 15.00 часот официјално домаќинствата ќе плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија.

“Од утре официјално евтината тарифа ќе се враќа кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа. Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто”, додаде тој.

Сподели!
- Advertisement -