Се одржа првата „HalkTalk 2023“ бизнис-конференција за претприемачки организирана од Халкбанк

- Advertisement -

На настанот што се одржа во Македонската филхармонија, на сцената говореа искусни претприемачки клиенти на Халкбанк, како и Агњешка Шпионек, специјалната говорничка од Mastercard Advisors

„HalkTalk 2023“, конференцијата организирана од Халкбанк, а поддржана од Mastercard, која на едно место ја собра бизнис-заедницата на жени, се одржа под мотото„Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“. Настанот беше дел од постојната поддршка и мотивација на жените претприемачи што имаат основано или се во процес на основање свои сопствени бизниси.

- Advertisement -

На сцената на Македонската филхармонија, говорничките клиенти на Халкбанк блеснаа со своите говори преку кои ги споделија нивните искуства, предизвици и соништа за иднината на своите успешни бизниси. Говорите на Сања Лазаревска („For Lady“), Александра Никофоровски (балетска продукција и училиште „Булфрогс“), Симона Тасевска („Рикомак“), Сања Кокалова („Прима Фарм“), Катарина Георгиевска („Ранчо и Ванчо на Ката“), Данче Азманова Мирчевска (workingmom.mk/„Trixiebox“) и Снежана Илова (Дом за нега на стари лица „Жана“ – Неготино) добија искрени аплаузи од присутните гостинки, сегашни и идни претприемачки и соработнички на Банката.

На динамичната панел-дискусија на тема „Финансиска слобода и независност: колку (многу) е потребно за почеток?“, која отвори, а истовремено и одговори голем број прашања поврзани со водењето сопствен бизнис, дискутираа Бојана Стојменовиќ-Петровска – психолог и консултантка за ментално здравје, Симона Константиновиќ – „Кеншо мајнд хаб“ и Пенка Муакетова – „Консалтинг Интер Груп“.

- Advertisement -

Специјалната говорничка на оваа конференција, Агњешка Шпионек, Директорка на Mastercard Advisors, говореше за новите трендови во бизнисите и за перспективите што со себе ги носи вештачката интелигенција.

„Оваа конференција е уште еден доказ дека ние како банка посветено работиме на поддршката на женското претприемништво. Јасно го гледаме фактот дека бизнисите водени од жени значително влијаат врз економијата во нашата земја и ќе ги искористиме сите начини на кои можеме да ги поддржиме жените во развојот и реализацијата на нивните бизниси“, изјави г. Билал Суџубаши, Главниот извршен директор на Халкбанк, кој ја отвори конференцијата со својот поздравен говор.

- Advertisement -

„Ние во Mastercard веруваме дека не треба само да го водиме добро нашиот бизнис, туку и дека треба да правиме добри нешта додека го правиме истото. За да правиме добри нешта, секогаш ни се потребни партнери покрај нас, партнери како што е Халкбанк. Mastercard, како успешен глобален бренд, е посветен на поддршката на жените претприемачи, давајќи им инспирација, храброст и мотивација. А тука, заедно со Халкбанк, сакаме да дејствуваме во насока на креирање позитивно влијание врз локалната бизнис-заедница водена од жени“, изјави Вања Манова, Регионална менаџерка во Mastercard за Бугарија, Р. С. Македонија, Косово и Албанија, која им се обрати на присутните гостинки.

Од Банката и натаму најавуваат постојана и недвосмислена поддршка на женското претприемништво и во годината што следува преку мноштвото продукти и поволности во своето портфолио, посветени на поддршката на нови и постојни бизниси водени од жени.

Сподели!
- Advertisement -