SmartHat е најпаметниот шлем за градежни работници

- Advertisement -

Во светот на заштитната опрема за градежни работници се досега немаше големи промени во однос на класичните бели шлемови за заштита на главата направени од цврста пластика, а производителите не се трудеа премногу да ги направат побезбедни и попаметни.

Сето тоа ќе се смени благодарение на индискиот стартап наречен Proxgy, кој за својот заштитен шлем SmartHat ја освои наградата за најдобар дизајн во Индија и наградата за иновација на саемот CES.

- Advertisement -

Освен што ја штити главата на работниците од удари и падови благодарение на цврстата ABS школка и оценката Тип-1/Класа-3, шлемот е опремен со сензори кои пуштаат аларм ако детектираат некој од 14 опасни и отровни гасови, а има и сензор за близина, кој известува ако се наоѓа во близина на објектите кои му се над глава.

Понатаму, шлемот има дупла камера, безжичен радиоприемник, па дури и сензори за витални знаци кои може да откријат проблеми со отчукувањето на срцето, телесната температура или ниско ниво на кислород во крвта. Ако сензорите откријат некој од наведените здравствени проблеми, шлемот безжично ќе испрати известување до лицето задолжено за следење на работникот. Исто така, ќе испраќа и известување и ако детектира дека корисникот паднал, го напуштил географското подрачје или не носи шлем кога треба.

- Advertisement -

Благодарение на вградениот радиоприемник, работниците можат да разговараат меѓусебе или со претпоставените и управителите на градилиштата и да емитуваат слика со предната и задната HD камера.

Предната камера користи инфрацрвена светлина и може да се користи во услови на слаба видливост, додека задната камера дава поглед од 160 степени на околината. Двете можат да се користат за снимање видеа или за фотографирање во кој било момент.

- Advertisement -

Електрониката на шлемот SmartHat е водоотпорна според стандардот IP67, што значи дека може да издржи полевање со вода и кратко потопување во вода максимално до длабочина од 1 метар.

На кацигата има и SOS копче, кое работникот може да го вклучи во случај на итност.

(Vidi.hr)

(фото: Proxgy)

Сподели!
- Advertisement -